Насочено слушање

Музиката во ХХ век

назад кон сите лекции
Пјер Булез – „Le Marteau sans maître“

Пјер Булез – „Le Marteau sans maître“

Серијална музика: Пјер Булез – „Le Marteau sans maître“. Пример за целосна организација на тоновите, ритамот и динамиката во строги серии. Делото звучи фрагментирано, интелектуално и конструктивно.

Пјер Шефер – „Étude aux chemins de fer“

Пјер Шефер – „Étude aux chemins de fer“

Конкретна музика: Пјер Шефер – „Étude aux chemins de fer“ (1948). Композиција создадена од снимени звуци на возови, тркала и железнички шумови. Пример за користење на реални звуци како музички материјал.

Карлхајнц Штокхаузен – „Gesang der Jünglinge“

Карлхајнц Штокхаузен – „Gesang der Jünglinge“

Електронска музика: Карлхајнц Штокхаузен – „Gesang der Jünglinge“. Комбинација на човечки глас и електронски генерирани звуци. Еден од првите значајни примери на електронска композиција.

Џон Кејџ – „Music of Changes“

Џон Кејџ – „Music of Changes“

Алеаторика: Џон Кејџ – „Music of Changes“. Дело во кое одредени елементи се определуваат со случајни постапки. Секоја изведба може да звучи различно.

„Попладнето на еден Фаун“- Клод Дебиси

„Попладнето на еден Фаун“- Клод Дебиси

Оваа композиција се смета за ремек-дело на музичкиот импресионизам. Нејзиното настанување е инспирирано од истоимената поема на Маларме. По премиерата на делото, Маларме му напишал на Дебиси: Длабоко сум трогнат... Вашата музика оди подалеку од мојот текст, во носталгија, сензуалност, светлост... со восхит Ве поздравувам!

„Арабеска бр.1“ – Клод Дебиси

„Арабеска бр.1“ – Клод Дебиси

Дебиси има напишано две арабески, од кои првата е повеќе позната. Ова се и негови први дела напишани за пијано и воедно се пресвртница во неговата кариера.

„Болеро“ – Морис Равел

„Болеро“ – Морис Равел

Болеро е една од широко најпопуларните композиции. Пишувана на еден музички мотив, таа претставува пример за тоа дека во музиката движењето може да се постигне со оркестарско „боење.”

„Преживеаните од Варшава“ – Арнолд Шенберг

„Преживеаните од Варшава“ – Арнолд Шенберг

Ова е едно од ретките дела на Шенберг кое веднаш доживеало успех. Делото е за рецитатор, машки хор и оркестар, на сопствен текст во кој Шенберг ги оживува крвавите брутални страници од еврејските погибија од страна на нацистите во Втората светска војна.

„Петрушка“ (фргаменти) - Игор Стравински

„Петрушка“ (фргаменти) - Игор Стравински

„Петрушка“ е еден од трите најзначајни балети на Стравински. Премиерата била во 1911 год. и од тогаш младиот 28-годишен Стравински го започнува својот пат кон успехот. Во ова дело се случуваат многу музички новини кои ќе го отворат патот на музиката во XX век.

„Посветување на пролет“ (фрагменти) – Игор Стравински

„Посветување на пролет“ (фрагменти) – Игор Стравински

За разлика од првите два балети на Стравински „Птицата жар“ и „Петрушка“, чија музика била прифатена, „Посветување на пролетта“ не наишла на одобрување кај публиката. „Варварскиот“ ритам, суровоста на дисонанците и острите судири на звучните комплекси не наишле на позитивен одѕив кај публиката. 

Концерт бр. 1 за пијано и оркестар – Сергеј Прокофјев

Концерт бр. 1 за пијано и оркестар – Сергеј Прокофјев

Концертот за клавир и оркестар бр. 1 е најкраткиот концерт на Прокофјев. Напишан е во еден став и трае околу 15 минути. Клавиристката на овој линк е Јуџа Ванг, една од најдобрите и најпознати во моментот, а диригентската палка е во рацете на Кирил Петренко - шеф диригент на Берлинската филхармонија.

„Кармина бурана“ („О, фортуна“) - Карл Орф

„Кармина бурана“ („О, фортуна“) - Карл Орф

„Кармина бурана“ е кантата која е напишана на 24 поеми. 
„O fortuna“ е првата поема. Оваа поеми се користи како музичка илустрација во филмската индустрија, особено кога се однесува на средновековни теми.