Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница или користите некоја од нашите содржини преку неа.
Кои информации ги собираме?
При посета на интернет-страницата, ги обработуваме Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет-страница, заради користење на нашите содржини.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следните категории на лица:
Посетители на нашата интернет-страница Muzickakutija.com. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата интернет-страница како и за одржување на информациска сигурност на нашата интернет-страница.
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигација
- При посетата на нашата интернет-страница, за секој посетител се креираат логови со следните податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страниците кои ги посетувате на нашата интернет-страница и времето кое го минувате на секоја страница;
- URL на страницата која ве префрлила на нашата интернет-страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете интернет-страницата на Muzickakutija.com;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на интернет-страницата ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата интернет-страница.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку Вашето користење на нашата интернет-страница, вклучувајќи ги овде и формите за контакт.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Muzickakutija.com.
Заштита и сигурност
Muzickakutija.com ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или нивна евентуална злоупотреба.
Сигурносните процедури на Muzickakutija.com се предмет на редовни контроли.
Прифаќање на условите
Со користењето на интернет-страницата Muzickakutija.com, Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата. Континуираното користење на интернет-страницата од Ваша страна, следејќи ги измените и дополнувањата на оваа политика за приватност, се смета за Ваше прифаќање.
Кои се Вашите права?
- Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка и бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на приговор.
- За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да нè контактирате на следната е-адреса: muzicka-kutija@outlook.com.
- Право на поднесување барање до Muzickakutija.com
Ако сметате дека начинот на кој Muzickakutija.com ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање преку нашата интернет-страница или на кој било начин преку контакт-информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Почитувани клиенти, Ви благодариме за посетата на нашата интернет-страница.
Напомена:
Веб-страницата Мuzickakutija.com е наменета исклучиво за образовна употреба во рамките на наставната програма по музичка уметност, одобрена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Сите звучни и видео примери на оваа страница се вградени преку официјални YouTube embed кодови, согласно политиките на YouTube и Google. Не поседуваме авторски права врз овие видеа, ниту ги хостираме, репродуцираме или модифицираме.
Доколку сте сопственик на содржина прикажана на оваа страница и сметате дека нејзиното поврзување преку embed не е во согласност со вашите права, Ве молиме контактирајте нè преку muzicka-kutija@outlook.com и содржината ќе биде соодветно прегледана и по потреба отстранета.
Оваа платформа не остварува никаков финансиски приход и постои исклучиво како поддршка за наставата и учењето.