Насочено слушање

Музиката во ХХ век

назад кон сите лекции
„Allegro barbaro“ – Бела Барток

„Allegro barbaro“ – Бела Барток

Оваа композиција која е многу карактеристична за Барток, на почетокот наишла на многу критики од конзервативците. Клавирот во неа е третиран повеќе како ударен инструмент, а присуството на дисонанци даваат суров, варварски звук.

„Романски народни танци“ – Бела Барток

„Романски народни танци“ – Бела Барток

Ова дело е настанато како резултат на Бартоковото истражување не само на сопствениот унгарски фолклор, туку и на соседните земји како што е Романија. 

Концерт за оркестар (фрагменти) – Бела Барток

Концерт за оркестар (фрагменти) – Бела Барток

Оваа композиција има пет става и е едно од најпознатите дела на Барток. Ова не е традиционална концертна форма, но самиот тој рекол дека го именувал делото како концерт, а не како симфонија, заради солистичкиот третман на инструментите во него.

„Ромео и Јулија“ (фрагменти) - Сергеј Прокофјев

„Ромео и Јулија“ (фрагменти) - Сергеј Прокофјев

Балетот „Ромео и Јулија“ е ремек-дело на Прокофјев и на современата балетска музика воопшто, а „Танцот на витезите“ едно од најупотребуваните музички фрагменти во илустративни цели.