Што е „Музичка кутија“?

„Музичка кутија“ е интернет-платформа што содржи звучни и видеопримери, внимателно одбрани според наставната програма по Музичка уметност во средното образование. Наменета е за ученици и наставници и служи како придружен ресурс на учебникот. 

Создадена за да го збогати музичкото учење, страницата нуди внимателно одбрани примери за слушање и анализа – од музика на првобитните заедници, преку старохристијански химни, грегоријански корал, византиско пеење, античка грчка музика, до ренесансни и барокни композиции, примери за насочено слушање музика, разни вежби, како и традиционални песни и музика од нашето поднебје.

Секој пример е поврзан со конкретна лекција од учебникот по Музичка уметност и е достапен преку QR-кодови или преку директни линкови. Примерите се јавно достапни видеа хостирани на YouTube и други правно регулирани извори, вградени на страницата за полесен и безбеден пристап.

„Музичка кутија“ е звучна придружба на учебникот по Музичка уметност – место каде што музиката не само што се чита, туку и се слуша, се доживува и разбира. Бидејќи музиката најдобро се учи – со слушање. 

Слушајте, истражувајте, споредувајте и уживајте во светот на звуците!