Насочено слушање
Романтизам
„Унгарски танц бр. 4“ – Јоханес Брамс
Оваа композиција е дел од 21 танц, кои оригинално компонирани за клавир четири – рачно, а подоцна оркестрирани. Настанувањето на танците е инспирирано од Брамсовата соработка со еден унгарски виолинист кој го запознал со „циганскиот стил“ на музика. Овие танци познати по нивната експресивност, често се изведуваат како во оркестарска така и во клавирска верзија.
„Унгарски танц бр. 5“ – Јоханес Брамс
Оваа композиција е дел од 21 танц, кои оригинално компонирани за клавир четири – рачно, а подоцна оркестрирани. Настанувањето на танците е инспирирано од Брамсовата соработка со еден унгарски виолинист кој го запознал со „циганскиот стил“ на музика. Овие танци познати по нивната експресивност, често се изведуваат како во оркестарска така и во клавирска верзија.
„Приспивна песна“ - Јоханес Брамс
Оваа приспивна песна Брамс ја посветил на негова пријателка, во која во младоста бил вљубен, по повод раѓањето на нејзиниот втор син.
Симфонија бр. 3, III став – Јоханес Брамс
Третиот став од третата симфонија на Брамс во F-dur со својата елегичност е едно од најпопуларните негови дела кое често се користи и како музичка илустрација.
„Фантастична симфонија“ („Сонување и страсти“ I став) - Хектор Берлиоз
Фантастичната симфонија на Берлиоз не е само негово капитално дело, туку и икона на програмската музика. Содржината на ставовите е прикажана во текстот за неговиот живот и дело.
„Фантастична симфонија“ („Собир на вештерките“ V став)- Хектор Берлиоз
Фантастичната симфонија на Берлиоз не е само негово капитално дело, туку и икона на програмската музика. Содржината на ставовите е прикажана во текстот за неговиот живот и дело.
„Фантастична симфонија“ („Пат кон губилиште“ IV став) - Хектор Берлиоз
Фантастичната симфонија на Берлиоз не е само негово капитално дело, туку и икона на програмската музика. Содржината на ставовите е прикажана во текстот за неговиот живот и дело.
„Проклетството на Фауст“ („Ракоци марш“) - Хектор Берлиоз
Овој марш познат како „Унгарски марш“ бил една од неофицијалните државни химни на Унгарија. Мелодијата подоцна е користена во многу познати дела како што е „Проклетството на Фауст“ од Берлиоз.
„Унгарска рапсодија бр. 2 “- Франц Лист
Унгарската рапсодија бр. 2 е втора во сет од 19 рапсодии што ги напишал Лист и воедно најпопуларна од нив. И во двете нејзини верзии, за пијано и оркестар, оваа композиција е широко употребувана во анимираните цртани филмови. Во ова дело видно е влијанието на унгарската фолклорна музика. Премиерата на која е изведена во пијано верзија веднаш доживеала успех, па затоа многу набрзо е оркестрирана.
Франц Лист – „La Campanella“
Мелодијата во La campanella (мало ѕвонче) доаѓа од последниот став на виолинскиот концерт бр. 2 на Николо Паганини, каде што тоновите се потенцирани од „малечко ѕвонче“
Франц Лист – „Liebestraum бр. 3“ (Љубовен сон)
Ова не е само најпрепознатливото дело на Лист, туку едно од најпознатите дела во клавирската музика, воопшто. Како инспирација Лист за основа ја зема претходната негова песна „Сакај додека можеш да сакаш“ за глас и клавир.