Насочено слушање
Романтизам
„Аве Марија“ - Франц Шуберт
Оваа песна на Шуберт, иако не е првично наменета за традиционална католичка молитва, нејзината мелодија е широко прифатена како оригинална песна за молитва.
„Пастрмка“ - Франц Шуберт
Четвртиот став од квинтетот на Шуберт наречен „Пастрмка“ е еден од најпрепознатливите во мелодиска смисла. Наречен е според истоимената песна на Шуберт.
„Серенада“ - Франц Шуберт
Оваа позната серенада во оригинал е напишана за глас и пијано, но транскрибирана е за соло-пијано од Франц Лист и денес се изведува во оваа верзија.
„Музички миг бр. 3“ - Франц Шуберт
Шуберт има пишувано импромтија за клавир во неговиот особено креативен период (1827 год.) Тие се дел од романтичниот тренд да се компонираат кратки композиции со лиричен карактер.
Франц Шуберт - Симфонија бр. 8 недовршена I-став
„Недовршената“ симфонија името го добила заради тоа што е составена од два става. Но, според длабочината, контрастите на музичките материјали и нивната урамнотеженост, тоа е симфониски диптих. Познатиот музиколог Гроут ја нарекол оваа симфонија „прва вистинска романтична симфонија“.
Франц Шуберт – соло-песна „Шумскиот крал“ (или поточно „Кралот на вилите“)
Кралот на самовилите е вистинско ремек-дело на Шуберт. Оваа балада е пишувана на стихови на Гете. Во ова потресно, кратко драмско дејство, претставени се три различни лика и нивните душевни состојби - татко, син и кралот на вилите кој го мами детето и на крај го убива.
„Свадбен марш“ од „Сонот на летната ноќ“ – Феликс Менделсон
Увертирата за Шекспировата „Сонот на летната ноќ“ е едно од најуспешните дела на Менделсон, а Свадбениот марш секако е најпопуларниот дел од неа.
„Концерт за виолина и оркестар во e-moll“ – Феликс Менделсон
Концертот за виолина во e-mol е едно од најуспешните дела во целата литература за виолина во историјата на музиката, воопшто. Јанин Јансен, која го изведува концертот заедно со диригентот Валери Гергиев, се едни од најголемите изведувачки имиња денес.
„Детски сцени “ (бр. 1 и бр. 7) – Роберт Шуман
Меѓу клавирските циклични композиции на Шуман, две се најзначајни „Албум за млади“ и „Детски сцени“. Во вторите се зборува за деца и детскиот свет и заради клавирската техника во нив наменети се за возрасни изведувачи.
Симфонија бр. 4 (III- Скерцо) - Роберт Шуман
Четвртата, воедно и последна Шуманова симфонија, уште е наречена Симфониска фантазија, затоа што сите ставови се поврзани со ист тематски материјал. Скерцото со својот особен ритам и мелодија многу често е користен како музичка илустрација.
Концерт за пијано и оркестар во a-moll (I- став ) – Роберт Шуман
Единствениот клавирски концерт кој го напишал, Шуман го посветил на неговата сопруга Клара Вик. Тој концерт денес се наоѓа на програмите на најистакнатите пијанистички имиња.
„Унгарски танц бр. 2“ – Јоханес Брамс
Оваа композиција е дел од 21 танц, кои оригинално компонирани за клавир четири – рачно, а подоцна оркестрирани. Настанувањето на танците е инспирирано од Брамсовата соработка со еден унгарски виолинист кој го запознал со „циганскиот стил“ на музика. Овие танци познати по нивната експресивност, често се изведуваат како во оркестарска така и во клавирска верзија.