Насочено слушање
Преткласика и класицизам
Бетовен „За Елиза“
„За Елиза“ e едно од најпопуларните композиции на Бетовен. Тоа е Багатела бр. 25 во a-mol, откриена дури 40 години по неговата смрт и не е позната за кого е напишана. Ланг Ланг, кој ја изведува на оваа снимка, е еден од најголемите пијанисти денес, а ја свири на еден од најдобрите клавири, воопшто.
Бетовен – V симфонија (I став)
За почетните тактови од својата петта симфонија, Бетовен рекол: „Така чука судбината на врата“. Иако на почетокот од појавата на ова гигантско дело критиката немала позитивен став, со текот на времето таа станала, како што наведува Шуман, постојано врело на инспирација и влијание.
Бетовен – IX симфонија (Финале)
Антитезата на борбата и победата, на темнината и светлината на која е изградена петтата симфонија, продолжува и во највеличественото Бетовеново дело – Деветтата симфонија. Победата во финалето се слави и со човечки глас, што за првпат се појавува во една симфонија. Бетовен зел еден дел од песна на Шилер „Ода на радоста“ и ја обработува за глас, т.е. хор. Идејата на Бетовен е да даде порака на човештвото дека само љубовта и еднаквоста се сигурен залог на среќата и радоста.
Бетовен – VII симфонија (II став)
Во вториот став од седмата симфонија на Бетовен звучат истовремено две теми (мелодии) кои создаваат импресивен звук. На барање на публиката овој став редовно се повторувал при симфониските концерти.