Насочено слушање

Преткласика и класицизам

назад кон сите лекции
Доменико Скарлати – Соната во Е-dur, K. 380

Доменико Скарлати – Соната во Е-dur, K. 380

Скарлатиевите 550 сонати се пример за виртуозноста на рококо стилот, т.е. за декоративноста на „галантниот“ стил. Тој во нив ја оживува ритмиката со користење на различни ритмички комбинации, но и со танцувачки шеми блиски на народот. Со многу вкус и елеганција, навидум лесната игра на тоновите се претвора во претенциозна техника на чембалото која може да ја изведат само вешти пијанистички раце.

Џ.Б. Перголези „Слугинка господарка“ („Stizzoso mío stizzoso“)

Џ.Б. Перголези „Слугинка господарка“ („Stizzoso mío stizzoso“)

„Stizzo mio stizzo” е позната сопрановска арија од операта буфа „Слугинката господарка“ на Перголези. Оваа арија е насловна од вториот чин од операта и често изведувана на вокалните рецитали. На овој линк е во изведба на една од најпопуларните сопрани денес, Соња Јончева.

Кристоф Вилибалд Глук - „Орфеј и Евридика“ („Che Faro Senza Euridice?“)

Кристоф Вилибалд Глук - „Орфеј и Евридика“ („Che Faro Senza Euridice?“)

Што ќе правам без Евридика? е преводот на аријата од третиот чин од операта „Орфеј“ на Глук. Оваа арија ја пее контратенор или мецосопран и позната е по длабоката болка која излегува од текстот. Орфеј ја губи својата жена Евридика засекогаш и се прашува како ќе продолжи да живее кога нема веќе радост за него без неа.

Хајдн - Соната за пијано бр. 50 во  D-dur (I став)

Хајдн - Соната за пијано бр. 50 во D-dur (I став)

Оваа соната е компонирана околу 1780 год. Една од многу често изведуваните триставни сонати, популарни во клавирската педагогија заради  балансиран технички и уметнички класичен приод во неа.

Хајдн – Симфонија „Часовник“ (I став)

Хајдн – Симфонија „Часовник“ (I став)

Симфонијата бр.101 во D-dur е деветта од дванаесетте Лондонски симфонии. Популарно е наречена Часовник заради ритамот „тик-так“ што се слуша во вториот став.

Моцарт „Турски марш“

Моцарт „Турски марш“

Сонатата за пијано н.11 во A-dur, к.331 е составена од три става. Третиот став е наречен „Турски марш“ и се смета за едно од најпопуларните дела на Моцарт.

Моцарт „Реквием“ („Лакримоза“)

Моцарт „Реквием“ („Лакримоза“)

Лакримоза  потекнува од латинскиот збор lacrima што значи солза. Се користи како име на став во Реквием да означи интензивна болка и жалење за мртвиот. Ова е еден од најпопуларните ставови на и онака најпопуларниот Реквием на Моцарт.

Моцарт – Соната во C-dur - „Фачиле “ (I став)

Моцарт – Соната во C-dur - „Фачиле “ (I став)

Во својот тематски каталог самиот Моцарт ја означил како “ соната за почетници”. Позната е и како Соната фачиле. На овој линк ја свири едно од најголемите  пијанистички имиња денес – Ланг Ланг.

Моцарт – Симфонија бр. 40 (I став)

Моцарт – Симфонија бр. 40 (I став)

Оваа симфонија теоретичарите ја нарекуваат „вистинско ремек-дело” или симфонија над сите Моцартови симфонии. За нејзиното влијание кај подоцнежните композитори од романтизмот пишувано е многу.

Моцарт „Волшебна флејта“

Моцарт „Волшебна флејта“

Папагено е еден од главните ликови во операта „Волшебната флејта“. Името има потекло од германски збор што значи папагал-птица и се однесува на некој што зборува без разбирање. Пола човек-пола птица, тој му помага на принцот Тамино да ја најде вистинската љубов. Овој дует е еден од најпопуларните во оперската литература.

Моцарт - гудачки квинтет „Мала ноќна музика“

Моцарт - гудачки квинтет „Мала ноќна музика“

Серенадата во G-dur за камерен ансамбл, како што е напишано во енциклопедијата „Британика“, се смета за „најизведувано дело и икона на сите класични композиции”.

Бетовен „Месечева соната“ (I став)

Бетовен „Месечева соната“ (I став)

Оваа соната во cis-mol op. 27 бр. 2 е посветена на Џулиета Гваџиарди, една од жените во кои Бетовен бил несреќно вљубен. Името „месечева” ѝ го дал книжевник кој го споредил првиот став со пејзаж на месечева ноќ над едно езеро во Швајцарија. Оваа соната е една од 32. сонати (колку што ги има напишано Бетовен) кои Даниел Баренбојм ги има снимено.