3.2

Инструментална интерпретација

назад кон сите лекции
„O Fortuna“ од ораториумот „Кармина Бурана“, Карл Орф

„O Fortuna“ од ораториумот „Кармина Бурана“, Карл Орф

Моќен хорски пример во кој постепените и нагли промени на динамиката (од тивко до многу силно) создаваат драматична и напната музичка атмосфера.

„Bohemian Rhapsody“ – Queen

„Bohemian Rhapsody“ – Queen

Рок-класика во која динамичките контрасти – од тивки вокални делови до силни и енергични секции – ја засилуваат драматичноста на музичката изведба.

„Калинка“, руска народна песна

„Калинка“, руска народна песна

Популарна народна песна што започнува во умерено темпо, а постепено се забрзува, создавајќи возбудлива и енергична изведба.

„Мала ноќна музика“ (Eine kleine Nachtmusik), В. А. Моцарт

„Мала ноќна музика“ (Eine kleine Nachtmusik), В. А. Моцарт

Пример за јасна класична артикулација, каде што различните начини на изведба на тоновите (легато и стакато) ја обликуваат музичката фраза.

„Take Five“ – The Dave Brubeck Quartet

„Take Five“ – The Dave Brubeck Quartet

Џез-композиција во која различната артикулација на инструментите, особено саксофонот и пијаното, создава препознатлив ритмички и стилски израз.

Бизе – „Хабанера“ од операта „Кармен“

Бизе – „Хабанера“ од операта „Кармен“

Позната оперска арија во која преминот меѓу дур и мол создава контрастна емоционална боја и нагласува драматичност на ликот.

“Happy Together” – The Turtles

“Happy Together” – The Turtles

Поп-песна што користи премини меѓу дур и мол за да создаде интересен контраст меѓу различните делови на песната.

“The Sound of Silence” – Simon & Garfunkel

“The Sound of Silence” – Simon & Garfunkel

Песна со суптилни хармонски промени меѓу дур и мол, кои придонесуваат за нејзината меланхолична и размислувачка атмосфера.

Хор на Евреите од операта „Набуко“, Џузепе Верди

Хор на Евреите од операта „Набуко“, Џузепе Верди

Хор на Евреите од операта „Набуко“, Џузепе Верди 

 

Летни мисло на твоите крилја, летни по ридови и бол свој смири. 
Кај што ветрец и опој се шири, кај што грее месец благ, в’роден кат. 

„Ледена“ (Тоше Проески)

„Ледена“ (Тоше Проески)

„Ледена“ (Тоше Проески)

 

Во овој шарен ред од солитери
Студот по тебе се мери
Сите велат ти си ледена
А тебе секогаш те гледам сама
Шеќерче во вид на дама
Баш си слатка, но и студена


 
И гледам секој жив по тебе само се крсти
И баш би сакал да те допре со прсти

 

Јас не сум тип за авантури
Ти ги раѓаш моите бури
За мене ти, знам си медена
А јас сум само тој што на тебе се пали
Јас сум тој што во глава ти фали

 

Тој поглед сè ми значи
Ќе ти дарам топла душа
Твојто срце лед што зрачи
Ќе се стопи, ќе ме слуша
И би дарил вишни неба
Дај ми место покрај себе
Ти си сонот што ми треба
Никој не е како тебе

И ледена, и медена
Се правиш своја
Но вечерва ќе посакаш
Да бидеш моја

 

И ледена, и медена
И каква да си
Верувај ми, ќе нема кој
Кој да те спаси

 

Во овој шарен ред од солитери
Студот по тебе се мери
Сите велат ти си ледена
А тебе секогаш те гледам сама
Шеќерче во вид на дама
Баш си слатка, но и студена