1.27
Втора и трета генерација – вклучување во европските текови
Властимир Николовски – Симфонија бр. 2 „Барбара“
Властимир Николовски – Симфонија бр. 2 „Барбара“ (финале). Оркестарско дело со изразена драматичност и динамика. Во финалето се чувствува современ третман на тематскиот материјал и оркестарска експресивност.
Властимир Николовски – Соната „Фолклорна“
Властимир Николовски – Соната за пијано „Фолклорна“.Фолклорниот елемент е стилизиран и преработен во модерен израз. Композицијата ја покажува синтезата меѓу традицијата и современата техника. Дали можеш да ги препознаеш фолклорните елементи во сонатата? Зурлата, тапанот, народниот танец?
Тома Прошев – „Темпери“ (камерно дело)
Тома Прошев – Темпера II за гудачки оркестар. Авангардни звучни ефекти и експресивност. Камерно дело со современ звучен јазик и експресивна хармонија. Карактеристично е по густата текстура и авангардниот израз.
Тома Прошев – Варијации за пијано
Тома Прошев – Варијации за пијано. Пијанистичко дело во кое темата се трансформира низ различни изразни облици. Се забележува експериментален пристап и современа хармонска мисла.
Томислав Зографски
Запознајте се со животот и творештвото на Томислав Зографски, македонски композитор и педагог. Емисија на ТВ Телма од 1999 година.
Томислав Зографски – ораториум „Похвала Кирилу и Методију“
Томислав Зографски –„Похвала Кирилу и Методију“, ораториум за глас, рецитатор, три мешани хора и оркестар, оп. 62 (1969 година). Изведба на 7.12.1986 во чест на 1100-годишнината од Охридската книжевна школа (886-1986). Текст: за Климентовата охридска книжевна школа, подготвен од Блаже Конески.
Димитри Мариновски – бас
Кирил Ристевски – рецитатор
Хор на Македонската опера и балет и Хор на Македонската радио-телевизија
Оркестар на Македонската филхармонија
Диригент: Фимчо Муратовски
Монументално вокално-инструментално дело со духовна и историска тематика. Ораториумот ја спојува традицијата со современи изразни средства.
Томислав Зографски – Скици за дувачки квинтет
Томислав Зографски – „Скици за дувачки квинтет“. Камерна композиција со прецизна форма и транспарентна текстура. Делото ја нагласува неокласичната рамнотежа и инструменталниот колорит.