1.24
Неокласицизам – Стравински и Прокофјев
Стравински – балет „Птицата Жар“
Игор Стравински – балет „Птицата Жар“. Овој балет е едно од најраните големи дела на Стравински и го прослави неговиот талент во Европа. Музиката е богата со колоритна оркестрација, руски мелос и звучни ефекти што создаваат магична и мистична атмосфера, инспирирана од руски легенди.
Стравински – балет „Посветување на пролетта“, Жртвен танц
Игор Стравински – балет „Посветување на пролетта“, „Жртвен танц“. „Жртвениот танц“ е кулминацијата на револуционерниот балет Посветување на пролетта. Делото е познато по својата силна енергија, нагласени ритми и драматична звучност, што ја шокирало публиката на првата изведба во 1913 година.
Стравински –„Кралот Едип“
Игор Стравински – опера-ораториум „Кралот Едип“. Во оваа необична опера-ораториум, Стравински ги спојува елементите на опера и ораториум. Музиката е монументална и статична, а сценското дејство е воздржано, со силно драмско чувство и изразување на судбината на легендарниот митски јунак.
Прокофјев – Балет „Ромео и Јулија“ – „Танц на витезите“
Прокофјев – Балет „Ромео и Јулија“ – „Танц на витезите“. Моќна и драматична музика со нагласен ритам и темна атмосфера.
Прокофјев – „Петар и волкот“
Прокофјев – Симфонија бр. 1 „Класична“ (I став). Дело инспирирано од класицизмот, но со свеж и модерен израз.
Орф – „Carmina Burana“, O Fortuna
Карл Орф – „Carmina Burana“, O Fortuna. Моќна хорска композиција со драматичен почеток и силен ритмички нагласок. Еден од најпознатите фрагменти во музиката на XX век.
Орф – „Carmina Burana“, In taberna
Карл Орф – „Carmina Burana“ – In taberna. Жива и енергична сцена со машки хор и солисти, што прикажува атмосфера на средновековна крчма.
Орф – „Catulli Carmina“ (избор)
Карл Орф - „Catulli Carmina“ (избор). Дело со изразена ритмичка структура и сценски карактер, инспирирано од античка поезија.
Прокофјев – Симфонија бр. 1 „Класична“ (I став)
Прокофјев – Симфонија бр. 1 „Класична“ (I став). Дело инспирирано од класицизмот, но со свеж и модерен израз.