1.21
Импресионизам – Дебиси и Равел
Дебиси – „Попладнето на еден фаун“ (Prélude à l’après-midi d’un faune)
Оркестарско дело инспирирано од поемата на Маларме. Слушај ја меката флејта на почетокот и „лебдечката“ хармонија што создава сонлива атмосфера.
Дебиси - „Клер де Лун“ (Clair de Lune)
Лирична клавирска композиција од „Бергамаска свита“. Слушај ја нежната динамика и постепеното градење на звучната атмосфера.
Дебиси – опера „Пелеас и Мелисанда“ (IV чин)
Оваа опера е единствената завршена опера на Дебиси и е важна затоа што ја отстапува класичната вокална традиција, нудејќи природна интонација блиска на говорот и суптилна инструментална колористика која потсетува на импресионистичка слика во звук.
Овој фрагмент од четвртиот чин претставува еден од најличните и најемотивни моменти во операта. Слушај како оркестарот и гласовите се меѓусебно поврзани во тивка, сонувачка музика што ја одразува драмата и внатрешните чувства на ликовите – типично за импресионистичкиот стил на Дебиси.
Равел – „Болеро“
Најпознатото дело на Равел. Изградено врз една единствена тема што постојано се повторува, додека оркестарската боја и динамиката постепено се менуваат. Одличен пример за мајсторска оркестрација и постепено градење на звучна кулминација.
Равел – „Слики од изложбата“
Ова дело претставува оркестарска верзија на клавирската свита „Слики од изложбата“ од Модест Мусоргски. Равел со својата извонредна оркестрација ѝ дал нов, блескав звучен колорит, користејќи богата палета на инструменти и контрасти. Слушај како различните инструменти ги „сликаат“ музичките ликови и сцени, создавајќи впечаток дека навистина се движиш низ изложба.
Равел – „Дафне и Клое“ – Сончев изгрев (Daphnis et Chloé – Lever du jour)
Фрагмент од балетот со исклучително богата оркестрација. Слушај како оркестарот ја создава атмосферата на разденување – постепено осветлување, меко движење и звучен колорит.
Равел – Концерт за пијано во G-dur (II став)
Лиричен и елегантен став со нежна мелодија и префинета придружба. Тука се слуша Равеловата јасна форма, прецизен ритам и суптилна хармонија.