Насочено слушање
Операта во романтизмот
Росини, Белини и Доницети (фрагменти)
Фрагмент 1: Џоакино Росини – „Вилијам Тел“ (увертира) (0:00 -1.24 )
Познатата увертира започнува мирно, со пасторална атмосфера, а подоцна преминува во енергичен марш. Оркестарот создава драмска напнатост и динамичен контраст.
Фрагмент 2: Џоакино Росини – „Севилскиот бербер“ (увертира) (1:26 - 3:28)
Весела, жива и духовита музика што го најавува комичниот карактер на операта.
Фрагмент 3: Џоакино Росини – „Севилскиот бербер“ (Каватина на Фигаро – „Largo al factotum“) (3:29 - 6:16)
Фигаро се претставува како снаодлив и самоуверен лик. Виртуозна вокална техника и брзи пасажи.
Фрагмент 4: Џоакино Росини – „Севилскиот бербер“ (Каватина на Розина) (6:18 - 8:05)
Лирична, но темпераментна арија што ја открива карактерната сила на Розина.
Фрагмент 5: Гаетано Доницети – „Љубовна напивка“ („Una furtiva lagrima“) (8:08 - 10:21)
Една од најпознатите лирски арии во романтичната опера. Нежна и искрена љубовна исповед.
Фрагмент 6: Винченцо Белини – „Норма“ („Casta Diva“) (10:24- 12:26)
Смирена и возвишена арија со долги, пејачки фрази. Пример за совршен bel canto стил.
Џузепе Верди (фрагменти)
Фрагмент 1: „Аида“ („Слава“ и „Триумфален марш“)– Џузепе Верди (0:00 - 03:05)
Монументална сцена со хор и оркестар. Претставува триумф и величественост.
Фрагмент2: „Набуко“ (Хорот на Евреите – „Va, pensiero“) - Џузепе Верди (03:08 - 06:05)
Емоционален и достоинствен хор што станал симбол на националната борба.
Фрагмент 3: „Риголето“ („La donna è mobile“) - Џузепе Верди (06:07 - 07:06)
Лесна и запомнлива мелодија што го прикажува карактерот на војводата.
Фрагмент 4: „Травијата“ (винска песна – „Brindisi“) - Џузепе Верди (07:08 - 09:08)
Разигран дует со весел карактер. Контраст меѓу радост и скриена драма.
Фрагмент 5: „Трубадур“ (Хорот на Циганите) - Џузепе Верди (09:11 - 10:37)
Енергична сцена со ритмички впечатлива хорска музика.
Операта во Германија и Франција (фрагменти)
Фрагмент 1: „Волшебниот стрелец“ (Хорот на ловците) - Карл Марија фон Вебер (0:01-1:07)
Романтична германска опера со народен карактер и хорска сила.
Фрагмент 2: Рихард Вагнер – „Валкира“ („Летот на валкирите“) (1:14 - 2:58)
Моќна оркестарска сцена со драмска енергија.
Фрагмент 3: „Лоенгрин“ (Свадбен марш) - Рихард Вагнер (3.00 - 4:30)
Свечена и возвишена музика со богата оркестрација.
Фрагмент 4: „Кармен“ (увертира) - Жорж Бизе (4:31 - 6:21)
Енергична и темпераментна музика со шпански колорит.
Фрагмент 5: Жорж Бизе – „Кармен“ (Хабанера) (6:25 - 8:39)
Сензуална и ритмички специфична арија со шпански танцов карактер.
Фрагмент 6: Жорж Бизе – „Кармен“ (Песна на тореадорот) (8:44 - 11:03)
Самоуверена и впечатлива арија со маршевен карактер.
Жорж Бизе – „Кармен“ (Боемски танц – II чин)
Разиграна танцова сцена со изразен фолклорен колорит.