1.1
Преткласика – историски контекст и стилски особености
Карл Филип Емануел Бах – Симфонија во e-moll, Wq. 178 (I став)
Карл Филип Емануел Бах – Симфонија во d-moll, Wq. 178 (I став). Карл Филип Емануел Бах, син на Ј. С. Бах, е еден од најважните претставници на преткласиката и т.н. „чувствителен стил“. Во оваа симфонија се забележуваат остри динамички контрасти, изненадни промени на расположението и појасна форма – карактеристики што го најавуваат класичниот стил.
Јохан Кристијан Бах – Симфонија во G-dur, Op. 6 No. 1 (I став)
Јохан Кристијан Бах – Симфонија во G-dur, Op. 6 No. 1 (I став). Јохан Кристијан Бах (т.н. „Лондонски Бах“) е претставник на галантниот стил. Музиката е лесна, прегледна и мелодиски јасна, со едноставна хармонија и симетрични фрази. Овој стил силно влијаел врз младиот Моцарт.
Џовани Батиста Самартини – Симфонија во F-dur (I став)
Џовани Батиста Самартини – Симфонија во F-dur (I став). Самартини се смета за еден од раните творци на симфонијата. Во неговите дела се забележува преминот од барокната полифонија кон поедноставна хомофона текстура и појасна тематска организација – чекор кон класичната симфонија.