1.12
Насочено слушање музика

Бранденбуршки концерт бр. 3 – Ј.С. Бах
Јохан Себастијан Бах напишал шест Бранденбуршки концерти за различни инструментални состави, нарачани од грофот од Бранденбург, по кого го носат името. Концертот бр. 3 е создаден исклучиво за гудачки ансамбл, за разлика од другите, во кои се вклучени и дувачки инструменти. Делото се одликува со барокна моторика, а динамичките контрасти се постигнуваат преку вклучување на различни групи на инструменти. Овој концерт е едно од највпечатливите остварувања во концертната литература од барокот.

Арија Erbarme dich (Имај милост) од Пасија по Матеј, Ј.С. Бах
Пасијата по Матеј е втората од двете големи пасии што ги напишал Јохан Себастијан Бах (првата е Пасија по Јован). Се смета за врвно дело на барокната духовна музика, со длабока емоционална и духовна сила. По сто години заборав, делото било повторно изведено во 1829 година во Берлин, благодарение на Феликс Менделсон, со што започнува „второто раѓање“ на Бах во историјата на музиката. Аријата „Erbarme dich“ е едно од најтрогателните моменти во целата пасија – молитва за прошка, исполнета со длабока човечка болка и убавина.

Антонио Вивалди – „Четирите годишни времиња: Зима“
Меѓу најпознатите дела на Вивалди се неговите програмски концерти, во кои музиката раскажува нешто вонмузичко – слика, настан или чувство. Највпечатлив пример за тоа се „Четирите годишни времиња“, циклус од четири концерти што ги опишуваат пролетта, летото, есента и зимата. За секое годишно време, Вивалди напишал по еден сонет, кој најчесто се чита пред изведбата за да се истакне наративната содржина.

Антонио Вивалди – „Четирите годишни времиња: Лето“
Меѓу најпознатите дела на Вивалди се неговите програмски концерти, во кои музиката раскажува нешто вонмузичко – слика, настан или чувство. Највпечатлив пример за тоа се „Четирите годишни времиња“, циклус од четири концерти што ги опишуваат пролетта, летото, есента и зимата. За секое годишно време, Вивалди напишал по еден сонет, кој најчесто се чита пред изведбата за да се истакне наративната содржина.

Антонио Вивалди – „Четирите годишни времиња: Есен“
Меѓу најпознатите дела на Вивалди се неговите програмски концерти, во кои музиката раскажува нешто вонмузичко – слика, настан или чувство. Највпечатлив пример за тоа се „Четирите годишни времиња“, циклус од четири концерти што ги опишуваат пролетта, летото, есента и зимата. За секое годишно време, Вивалди напишал по еден сонет, кој најчесто се чита пред изведбата за да се истакне наративната содржина.

Антонио Вивалди – „Четирите годишни времиња: Пролет“
Меѓу најпознатите дела на Вивалди се неговите програмски концерти, во кои музиката раскажува нешто вонмузичко – слика, настан или чувство. Највпечатлив пример за тоа се „Четирите годишни времиња“, циклус од четири концерти што ги опишуваат пролетта, летото, есента и зимата. За секое годишно време, Вивалди напишал по еден сонет, кој најчесто се чита пред изведбата за да се истакне наративната содржина.

Византиско пеење (псалм од Св. Јован Кукузел)
Црковната музика во средниот век се развивала паралелно на Исток и Запад, носејќи различни стилови, изрази и духовни атмосфери. Во оваа слушна задача ќе ги споредиш византиското пеење, претставено преку псалм од Св. Јован Кукузел, и западното средновековно пеење (григоријанскиот напев). И двете традиции имаат заедничка цел – да го изразат духовното возвишено преку музика, но се разликуваат во мелодијата, ритамот, начинот на изведба и чувството што го предизвикуваат кај слушателот.

Западно (грегоријанско) пеење

Средновековна инструментална световна музика
Во световната музика на Средниот век и Ренесансата доминирале танцот и веселбата, но со различен музички израз. Слушни ги следниве три композиции и обиди се да ги препознаеш разликите и сличностите во ритамот, инструментите, мелодијата и атмосферата.