Добредојдовте во Музичка кутија
Звукот што ја отвора музиката кон нови светови на учење
Музичка кутија е дигитална придружба на учебникот Музичка уметност за прва година гимназиско образование. Оваа веб-платформа нуди внимателно одбрани аудио и видеоматеријали поврзани со наставната програма по овој предмет.
Музичка кутија е место каде што музиката не само што се чита, туку и се слуша, доживува и разбира.
Истражете музички примери од:
• древните заедници и античка Грција
• старохристијанската и византиската традиција
• грегоријанскиот корал и музиката на Средниот век
• ренесансни и барокни композиции
• македонското фолклорно и современо музичко наследство
Секој пример е директно поврзан со конкретна лекција од учебникот и достапен преку QR-кодови или директни линкови.
Учебникот Музичка уметност за прва година гимназиско образование е создаден за учениците од прва година гимназија и нуди систематски преглед на:
• музичкиот развој од антиката до барокот
• основите на ритам, интервали, скали и музичка писменост
• македонската музичка традиција и современи фолклорни облици
• активности преку пеење, свирење, анализа и креација
Преку современ дизајн, практични активности и мултимедијална поддршка преку Музичка кутија, учебникот поттикнува активно, визуелно и слушно учење.
Зошто „Музичка кутија“?
Затоа што музиката најдобро се учи со слушање.
Слушајте, истражувајте, споредувајте и уживајте во светот на звуците!
Започни со истражување